Виктор Стојановски – zuberot

Јас, блогер.

Archive for the ‘zdravo narode’ tag

“Zdravo narode!” за Android

leave a comment

На 10.02.2010 започнавме со работилница за мобилни апликации во хаклабот КИКА. На првата средба научивме како да инсталираме и конфигурираме работна околина за развивање на Android апликации на Ubuntu. Во продолжение е целото упатство за тоа како да конфигурирате работна околина за развивање Android апликации.

Целиот процес може да се подели во три фази:

  1. инсталација на “Android SDK and AVD Manager”,
  2. инсталација и конфигурација на додаток за Eclipse за креирање на Android апликации,
  3. пушување на “Zdravo narode!” апликација за Android.

Инсталација на “Android SDK and AVD Manager”

Симнете го пакетот и отпаковајте го во вашиот домашен директориум. Следно од “…/android-sdk-linux_86/tools” стартувајте ја “android” скриптата која што е визуелен водич за инсталирање на Android SDK-то. Тука може да креирате виртуелни Android уреди за сите верзии на SDK кои што ги имате инсталирано. Пред да пробате да инсталирате верзија на SDK најдобро е од Settings да ја обележите опцијата “Force https:// sources to be fetched using http://” за да немате проблеми со превземањето на пакетите од складиштата. Од “Available Packages” селектирајте кои верзии на Android SDK сакате да ги инсталирате.

sdk

Следно креирајте виртуелен Android уред за верзијата на SDK која што ја инсталиравте (може да имате повеќе различни верзии на SDK и повеќе разлилни виртуелни Android уреди). Од “Virtual Devices” одберете “New” и пополнете ја формата со соодветната верзија на SDK. Виртуелните Android уреди може да ги тестирате со активирање на “Start” (стартувањето на виртуелните уреди некогаш знае и да потрае).

vm

Тука завршува инсталацијата на SDK-то и дефинирањето на виртуелни Android уреди за тестирање.

Инсталација и конфигурација на додаток за Eclipse за креирање на Android апликации

По претпоставка дека веќе имате инсталирано Eclipse 3.5 (тие што немаат може да го инсталираат пакетот од Synaptic) нареден чекор е инсталирање на додатокот за полесно креирање апликации и комуникација со “Android SDK and AVD Manager” и виртуелните Android уреди.

  1. Стартувајте го Eclipse и од Help менито изберете “Install New Software”
  2. Од новиот прозорец изберете Add, внесете име и во полето за “Location” внесете
    http://dl-ssl.google.com/android/eclipse/
  3. Во полето Work with изберете го нововнесениот запис и инсталирајте ги понудените компоненти

plugin

Рестартирајте го Eclipse, останува уште да ја подесите точната локација на SDK-то и Eclipse е спремен за развивање на Android апликации.

  1. Од Window менито на Eclipse изберете Preferences
  2. Од левото паѓачко дрво изберете Android и во Location внесете ја точната локација на SDK-то (пример: /home/korisnik/android-sdk-linux_86

Со ова имате правилно исталирана развојна околина за Android апликации на Ubuntu.

Пишување на “Zdravo narode!” за Android

Стандардно првото нешто кое го тестирате е “Zdravo narode!” апликација. За да креирате ваков супер едноставен модул за Android нема многу да се намачите, скоро сѐ е автоматски изгенерирано.

  1. Од New менито на Eclipse изберете Android project и внесете ги вредностите за проектот како на сликата

project

Изберете Finish и проектот е креиран. Околу структурата на проектот и кодот во некој нареден пост. За да го извршите проектот изберете Run и во новиот дијалог изберете “Android application” со тоа автомтски се вчитува виртуелниот уред и вашата апликација се прикажува во неа.

zdravo

За да го тестирате пакетот на вашиот телефон изберете десен клик над проектот и “Android Tools”->”Export Unsigned Application” со што се креира .APK датотека која што може да ја дистрибуирате.

Се гледаме на 17.02.2010 на наредната работилница за мобилни апликации. Доколку развивате апликации за Android и имате желба да споделите знаење со останатите заинтересирани слободно дојдете во КИКА.

Остваруваме, хаклаб КИКА! :)

Written by Виктор Стојановски

февруари 17th, 2010 at 12:44 am