Поминаа 6 месеци од објавувањето на последната верзија на Ubuntu 9.04 наречна Jaunty Jackalope, негов наследник е Ubuntu 9.10 Karmic Koala. Ubuntu важи за најпријателски расположена GNU/Linux дистрибуција која денес може да се најде на пазарот. Отворената битка која се водеше со Windows 7 уште кога и двата оперативни системи беа во раните развојни фази продолжува но овој пат со многу поголем интензитет и здрави темели за тестирање. Но да не носиме предвремени заклучоци да оставиме на времето и корисниците да одлучат. Главен акцент во оваа верзија е поставен на едноставноста на користење и дизајнот пропратени со стабилно јадро. Значително намаленото време на подигнување и гаснење на системот се првите работи кои што може да се забележат. Сегашното време на подигање на системот се движи околу 25 секунди, за верзијата 10.4 која што треба да излезе на пазарот во април 2010 ова време е планирано да се намали и до 10 секунди. Поддржани се голем број на хардверски уреди, стандардните и дополнителните софтверски пакети за се во своите последни верзии, испеглан интерфејс и уште мал милион други изненадувања спакувани во скромни 700MB. …
Комплетната рецензија која ја направив е објавена на IT.com.mk и истата може да ја прочитате тука.



