Претпоставувам повеќете од Вас знаат за слободата која ја нуди Криејтив комонс лиценцата, останатите следете ја врската и дознајте за што станува збор. Лиценцата може да ја користите за ваши дела (слики, видео, музика, книги, …) и сѐ што може да се лиценцира, а притоа да дава слобода затоа што слободата е важна. Ако веќе имате криејтив комонс лиценца на вашиот блог или сте издале некоја слика под истата зошто тогаш да не ја користите и за сликите, видеата, информациите и статусите што ги објавувате на Facebook или Twitter.
За Facebook постои апликација која во неколку лесни чекори ќе додаде мал дел на вашиот профил кој што кажува под кој тип на Криејтив комонс лиценца е содржината на вашиот профил. Сѐ што треба да направите е да ја инсталирате апликацијата и да ги кажете кои ограничувања ги имаат тие што ја превземаат содржината.

Со активирање на “Select a License” според тоа каков тип на ограничувања сте избрале апликацијата ќе ја генерира лиценцата. Дополнително може да ја додадете и на вашиот профил за да биде јавно достапна за сите.


Од друга страна за Twitter сѐ што треба да направите е да изберете една од лиценците и со едноставен твит користејќи го “Use license” да ги лиценцирате вашите твитови со CC. Исто така може да проверите и кој ја користи CC лиценцата за своите твитови или да поканите некој да го направи тоа. Моментално 3,642 корисници ја користат CC лиценцата за своите твитови.
