Досега немав потреба од DOS емулатор, меѓутоа на факултет работиме логичко програмирање во Prolog и користиме интерпретер кој не е достапен за Ubuntu. Не дека нема добри интерпретери за Prolog направени за Ubuntu, едноставно сакав да бидам компатибилен со факултетот и да пробам да емулирам DOS под Ubuntu.
#во терминал внесете ја следнава линија sudo apt-get install dosbox
Откако ќе се инсталира емулаторот во терминал едноставно се испишува dosbox со што се стартува DOS емулаторот.
Емулаторот не знае каде се .com или .bat датотеките што ни требаат па затоа ја монтираме папката каде што се оние кои што сакаме да ги користиме.
#во емулаторот внесете mount c /home/user/prolog #(user е вашиот корисник, prolog е папката каде што е PROLOG.COM)
Откако ќе добиете порака за успешно монтирање можи да пристапите до папката и да ја извршите PROLOG.COM датотеката, со тоа Prolog интерпретерот е спремен за работа.


