Често слушам како луѓето се жалат дека Firefox им “јаде” премногу меморија, според мене не е така. Firefox е далеку од совршен меѓутоа со мали модификации за мене е совршен. Паблишер пред некое време објави некои модификации кои и јас лично ги користам, исто така и момците од Mozilla на средбата пред недела дена на ФЕИТ споделија некои интересни додатоци за Firefox кои ќе бидат спомнати во текстот.
Firefox го користам на Dell 1525 со Intel Core2Duo процесор и 2GB рам, оперативниот систем кој што го користам е Ubuntu 8.10. При прво подигнување на Firefox заедно со сите додатоци што ги користам вкупно тринаесет потребниот број на мегабајти од меморија е 60.
Секојдневна појава е да имам приближно петнаесетина отворени јазичиња, во случајов се отворени дванаесет од кои три се видеа кои работат во позадина. Во ваква состојба на Firefox му требаат 170MB што според мене е фер заради типот и комплексонста на отворените страни.
Иако често додатоците се обвинуваат за големиот број на мегабајти побарани од страна на Firefox, јас Ви ја нудам мојата листа на додатоци која докажав горе дека и не е така опасна по живот.
Додатоците:
Adblock Plus [за да ги избегнам досадните реклами]
Download Statusbar [сите активни симнувања да се појавуваат во дискретна лента без да се отвора дополнителен прозорец]
Fission [прогрес бар во стилот на Safari]
Flagfox [мало знаменце во адресната лента кое на среден клик нуди информации за серверот каде што е поставен сајтот]
Flashblock [лично нејќам флеш страници оти флешови ми ја пукаат меморијата непотребно]
Organize Status Bar [за полесно организирање на статусната лента]
Personas For Firefox [теми за Firefox]
Tab Scope [фенси додаток како помош за тоа што имам во останатите јазичиња]
Tiny Menu [непотребно долгото мени се сместува едно копче со што се добива повеќе простор за приказ на страната, ова му е посебно важно на тие со и не така големи екрани]
Ubiquity [многу опции има чудово, ваљда во посебен пост би ги објаснил сите можности]
DownThemAll [масовно превземање на "стварчици" ]
+ модификациите на Паблишер [Firefox до совршенство]


