Веќе неколку дена покрај моите стандардни почетни страници (gmail, twitter, facebook) ја додадов и страницата за случајна статија од Македонската википедија [http://mk.wikipedia.org/wiki/Специјални:Случајна]. Едноставно, лесно и многу корисно. Со секое отворање на мојот омилен прелистувач покрај мејловите, твитовите и новите настани на фејсбук добивам и статија од википедија. Доколку статијата ми е позната или не ми е од интерес со притискање на Alt+x од тастатура добивам нова статија. Ова некогаш знае и да потрае
Позитивни ефекти:
- постојана едукација,
- освежување на меморијата,
- old-style енциклопедијата не се ни сеќавам кога последен пат ја отворив, а прелистувачот го отворам минимум 10 пати дневно,
- можност да за подобрување на содржините на Македонската википедија со наоѓање и пријавување на грешки (дури и самоуредување)
Негативни ефекти:
- има?
Останати страници кои може да ги користите за случајни статии:
- Wikipedia на англиски (3,150,411 статии): http://en.wikipedia.org/wiki/Special:Random
- Вики за слободен софтвер (368 статии): http://wiki.lugola.net/Специјални:Random
* Задолжително за деца во развој што се трујат со фејсбук и WOW.
*банерот е превземен од it.com.mk





