“lshw” (Hardware Lister) е една од подобрите алатки што сум ги сретнал за добивање детални информации околу хардвер. Освен old school начинот на работа во терминал, за алатката постои и GUI напишано во GTK. Без разлика кој начин ќе го користите резултатот е ист, детален и квалитетен
.
Со секоја инсталација на Ubuntu како основен пакет е инсталиран “lshw” што е доволно за да работите во терминал или да генерирате детален html извештај. Доколку сакате да го користите графичкиот интерфејс ќе мора да го инсталирате соодветниот пакет, за да го направите тоа во терминал напишете:
sudo apt-get install lshw-gtk
Користењето на “lshw” е прилично едноставно и лесно без разлика дали ќе користите терминал или графички интерфејс. Ако сакате сите информации да ги добиете во терминал едноставно извршете ја командата:
sudo lshwсо што ќе добиете комплетен извештај за целиот хардвер на системот. Нормално овај извештај е приличног голем и тешко (не и невозможно) се наоѓаат бараните информации, затоа наредбата прифаќа и некои аргументи со цел да го олесни читањето на информациите. Така на пример доколку конкретно не интересираат информациите за процесорот наредбата би била:
sudo lshw -C CPU
за информации околу оптичките уреди и хард дискот:
sudo lshw -C disk
и понатаму за сите останати уреди соодветно.
Интересна опција во овај old school начин на работа со алатката е креирањето на HTML извештај, процесот е брз, едноставен и што е најважно лесно прегледен за и детален:
sudo lshw -html > izvestaj.html
со што ќе се креира izvestaj.html датотека во директориумот каде што ја извршивте наредбата.
Од друга страна користењето е графичкиот интерфејс е многу едноставно и лесно:
sudo lshw-gtkи сè што треба да направите е да кликате низ хиреархиското дрво на хардверот и ќе дојдете до саканата информација.



Исто така добра опција е xml извештајот со тоа што лесно можеш да собереш структурирани податоци за многу компјутери и да ги сочуваш во inventory база.
дамјан
14 окт 09 at 13:26